13-годишно момче измисли нов уред за детектирање на алкохол и дрога кај возачите

Сообраќајните несреќи како последица на пиењето, односно на возењето под дејство на алкохол се се’ почести, одземајќи човечки животи речиси секој ден.

Кришна Реди, 13-годишно момче од Тексас, со цел да го спречи тоа, измисли нов уред која препознава дали возачот конзумирал алкохол или дрога врз основа на проширувањето на зениците.

Алкотестовите, кои го мерат количеството на алкохол преку здивот, можат да детектираат кога некој конзумирал алкохол, но не и дрога. И за истите да се направат е потребна согласност на возачот. Реди сакал да создаде нешто подобро од тоа.

Нашите зеници се стеснуваат за да го филтрираат количеството на светлина што влегува во очите. Кога гледаме во светла точка – зениците стануваат помали; кога гледаме во темница – тие стануваат поголеми, односно се шират. Истото се случува и кога конзумираме алкохол или дрога, односно алкохолот и други одредени опијати предизвикуваат зениците да се стеснат, додека кокаинот, ЛСД и печурките предизвикуваат да се шират.

Со искористување на овој ефект, Реди го направил уредот користејќи дигитална камера, светилка и картон од тоалетна хартија во ролна. Уредот функционира на тој начин што светилката свети во окото, а ролната ја насочува светлината директно кон зеницата. Потоа, дигиталната камера ја снима зеницата и со помош на софтверска програма (која исто така ја создал Реди) уредот го мери контрахирањето на зеницата, што со голо око понекогаш не може да се забележи.

Може да се користи за да открие дали некој конзумирал алкохол, марихуана, амфетамини, одредени лекови против болка или апчиња за спиење.

Кришна Реди беше еден од 10-те финалисти на минатогодишниот натпревар за Најдобриот млад научник на Америка и парична награда од 25 илјади долари.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.