Формата на чашата влијае на интензитетот на пиење?

Новото истражување од Англија сугерира дека луѓето пијат помалку кога алкохолот е во прави чаши, отколку кога се служи во чаши со закривени облици.

Истражувањето, спроведено од страна на научниците од Универзитетот Бристол исто така, укажува дека ознаките за количина на чашите ги охрабруваат луѓето да пијат помалку.

Нашите истражувања покажуваат дека мали промени како што се формата на чашата и ознаките за обем може да им помогнат на поединци за донесување на точни проценки  за испиената количина и се надевам дека алкохоличарите ќе ги користат  овие информации за намалување на темпото на пиење”, вели Д-р Ангела Атвуд, научен соработник на универзитетот и главен автор на истражувањето“.

Ознаки vs без ознаки

Во студијата, Атвуд и докторантот Дејвид Троја регрутирале 80 мажи и 80 жени, без историја на проблеми со алкохолот и ги поделиле во две групи. На една група и дале пиво во закривени чаши со ознака една четвртина, една половина и три четвртини. Другата група добила пиво во идентични чаши, но без ознаки.

Кога истражувачите погледнале колку брзо луѓето во двете групи ги испиле своите пива, тие откриле дека лицата со означени чаши го испиле пивото за околу 10,3 минути во споредба со 9,1 минута на групата со неозначени чаши. Интересно е што „означената“ група изјавила дека тоа е невообичаено бавно време за пијачка, за нив.

Ефекти во реалниот свет

Во обид да ги тестираат своите идеи во реални ситуации, истражувачите посетиле три пабови со цел да анализираат колку пиво продаваат во текот на четири викенди, користејќи различни видови на чаши.

Кога пабовите користеле стандардни, рамни чаши наместо закривени, тие имале пониска продажба, односно помала потрошувачка на алкохол, според истражувачите.

Со оглед на малиот број на пабови и краткото времетраење на тестирањето, истражувачите овие наоди ги сметаат за прелиминарни, но секако значајни.

Но, иако научниците биле импресионирани од нивните наоди, не го делат сите истиот ентузијазам.

„Нема сомневање дека контекстот е важен кога станува збор за употреба на алкохол и дрога”, вели д-р Ана Лемк, директор на медицинската програма за зависности на Универзитетот Стенфорд. Но, разликата од 1,2 минути помеѓу означените и неозначените чаши е премногу мала за да се третира како значајна.

И додека вредноста на истражувањето од Бристол е спорна, нема сомневање дека прекумерната употреба на алкохол е голем здравствен проблем. Според Светската здравствена организација, алкохолот е одговорен за 3,3 милиони смртни случаи во светот секоја година.

Новото истражување е презентирано во Ливерпул, Англија на 6-ти мај, на годишната конференција на Британската психолошка асоцијација.

Поддржете ја нашата работа: