Некогаш, многу погодна област за лов на китови, а денес ја населуваат само пингвини.
“Ќе се задржите најмалку 200 метри подалеку од китовите. Преполно е со азбест, а крововите само што не се срушиле”, вели меѓународниот новинар Шафик Мегџи од Би-Би-Си, кој одлучил да го посети островот на Јужна Џорџија.
Островот се наоѓа на југот од Атлантикот, а долг е 170 километри, и има ширина 29 километри. Некогаш било собиралиште за ловци на китови, а денес е преполно со морски слонови и околу 400 000 пингвини.
Островот е откриен уште во 1675 година од страна на Антони де ла Роше, претприемач од Лондон, а во некои стари мапи е запишан како островот Роше. Дури во 1775 година, Џејмс Кук го приклучил овој остров за Обединетото Кралство, па тогаш и го преименувал како Грузија, во чест на Џорџ трети.
Кога ги гледате за’рѓаните бараки, спремни да се срушат, тешко е да замислите дека оваа област била богата со азбест, и дека баш тука некогаш се ловеле китови.
Во моментов таа е дива негостопримлива земја на глечери, планини и фјордови. Освен тоа, станува збор за едно од најосамените делови на планетата Земја. Британската прекуморска територија се наоѓа на 1400 километри од најблиското населено место Фокланд.
Интересно е тоа што секоја година на овој остров доаѓаат по околу 18 000 туристи во склоп на антарктички крстарења.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.




























