3Д принтан мост во Амстердам

Принтерите на „MX3D“ работат на тој начин што градат структури преку исфрлање на мали количини растопен челик преку заварување. Металот ќе се загрее до 1500 степени Целзиусови и ќе се моделира на лице место.

„3Д печатењето е се’ уште неистражена област. Овој метод овозможува создавање на 3Д објекти во речиси секоја големина и форма“, изјавуваат од компанијата.

Погледете како изгледа принтерот


За изградбата на мостот, тимот планира да искористи два тима по два роботи кои би започнале од спротивните страни на каналот се додека не се сретнат на средина, притоа градејќи си ја сопствената потпора додека се движат напред на подвижни платформи.

Конечниот дизајн на мостот и неговата точна локација се`уште не се утврдени, а изградбата се очекува да започне во септември.

Овој проект е многу повеќе од изградба на еден мост. Овој проект може да служи како увид за тоа како би изгледала изградбата во иднина. Наместо работници кои носат шлемови и жолти елеци, 3D принтерите би можеле да бидат новите работници.

„Овој мост ќе покаже како 3Д принтањето конечно влегува во светот на големите функционални објекти и одржливи материјали, истовремено овозможувајќи невидена слобода на формата. Симболиката на мостот е прекрасна метафора за поврзувањето на технологијата на иднината со стариот град, на начин кој го извлекува најдоброто од двата света“, вели Јорис Ларман, еден од дизајнерите.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.