3д принтана вилица за повредена желка

Желката била донесена до Центарот за истражување, спасување и рехабилитација на морски желки при Универзитетот Памуккале во Денизли, Турција, откако била пронајдена тешко повредена во морето. Вработените веднаш се погрижиле за нејзиното здравје, првично хранејќи ја со рака, но сфатиле дека е потребно друго решение за желката да може да се грижи за себе.

Така, центарот за рехабилитација контактирал со турската компанија „BTech Innovation“ – позната по изработката на медицински протетики и импланти за луѓето. Од компанијата направиле детално скенирање на главата на желката и изработиле вилица од медицински титаниум која совршено ја вградиле на местото на повредата за желката да може повторно сама да се храни.


Желката, наречена Акут-3, во моментов се опоравува во центарот, за научниците да се осигураат дека добро се прилагодува на својата метална вилица. Доколку организмот на желката не ја отфрли протетиката, таа наскоро ќе биде вратена во морето.

Ова не е единственото животно кое ги почувствувало придобивките од 3Д принтаната технологија. Во март, за една желка во Денвер бил изработен пластичен оклоп од страна на еден студент во Техничкиот универзитет во Колорадо, откако поради лошата исхрана нејзиниот природен оклоп бил значително оштетен.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt