3Д принтер против маларија

За таа цел, истражувачки тим на научници од Институтот за глобално здравје на Универзитетот Вандербит во САД, на чело со д-р Џозеф Конрад и д-р Присила Лумано-Муленга, работат на создавањето на сеопфатна и сигурна 3Д опрема за дијагностицирање на маларија, која може да се испечати на самото место. Оваа технологија би можела да се користи и за други болести.

„Тестовите функционираат одлично, бидејќи не им е потребна електрична енергија, чиста вода или напреднати технолошки вештини“, истакнуваат научниците.

Д-р Конрад неодамна отпатувал во Замбија за да го постави 3Д принтерот во едно екстремно изолирано место, истражувачкиот институт Маха. Д-р Лумано-Муленга нагласува дека важен дел од нивниот план е тоа што тие ќе одат по заедниците во Замбија за селаните да се тестираат, наместо да ги чекаат тие да дојдат во медицинските установи.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: