3Д принтер за 100 денари

Аргентинскиот инженер Гастон Акарди работи со технологијата на 3Д принтање повеќе од една деценија и работи на прототип на 3Д електроплатиран метален принтер. Неговиот прв прототип бил составен од евтини делови и го чинел само 2 долари. Технологијата на електроплатирање (вид на електро галванизација) е далеку од потрошувачките технологии како „FFF” или „SLA“ – видовите и 3Д принтерот на Акарди ја подига технологијата на електроплатирање над основната.Тој планира да постави ЦНЦ машина со 4 оски на системот за електроплатирање за да направи систем сличен на  3Д принтерите базирани на „FFF”. Засега неговиот процес е многу бавен и тој бара инвеститори за да може да ја создаде следната изработка која може еден ден да стане погодна за продажба.

Зошто е оваа технологија многу битна за земјите во развој како Македонија ?

 

3д принтерите за пластика, за разлика од тие за метал, се многу евтини, и во зависност од габаритите цената на „ebay“ им се движи од 200$ па нагоре. Луѓето и компаниите во Македонија што веќе имаат ЦНЦ машини и рутери можат само да набават „глава“ која всушност ја депонира пластиката капка по капка градејќи го објектот од нула.

3d

Со помош на оваа машина може многу лесно да се изработат пластични прототипови, модели кои може да се тестираат пред да се направи алатот за сериско производство на истите, како и да им се покаже делот, склопот или моделот на потенцијални инвеститори во некој проект.

Исто така со помош на 3д принтерите може да се изработат и резервни делови како запчаници и други сложени форми.

3д принтерите за метал, покрај горенаведените работи за кои може да се користат слично како пластичните, за прв пат во историјата ќе овозможат изработка на делови, склопови, мотори, турбини итн. кои до сега беа возможни само во најсофистицираните фабрики во високоразвиените земји и за истите беа плаќани илјадници долари. Енаука.мк архива Креиран првиот 3д принтан млазен мотор

 Во врска со проектот на Аргентинецот и слични проекти дополнителни информации можете да погледнете на следниот линк како и да го погледнете неговото промотивно видео:

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt