7 работи за рециклирањето кои можеби не сте ги знаеле

Рециклирање (преработка на отпад или добивање на второсуровини) е преработка на користените материјали за добивање нови производи. Со овој процес се спречува губењето на материјали,намалувањето на потрошувачката на нови суровини,се намалува користењето на енергијата,се намалува загадувањето во воздухот и во водата.

Се рециклираат многу видови на стакло, хартија, метал, пластика, текстил и електроника. Речиси половина од отпадот што го создаваме може да се рециклира. Знакот за рециклирање има три стрелки кои ги означуваат трите фази: собирање,преработка и повторна употреба.

Сепак постојат различни ставови за тоа дали рециклирањето е добро или не е, и во која фаза производот треба да се рециклира. Уште една непозната област за рециклирањето е економската и еколошка корист, која секако зависи од видот на отпадниот материјал кој се рециклира.

Меѓутоа, надвор од различните погледи и мислења за рециклирањето, постојат некои интересни факти кои се значајни и вредни да се знаат, без оглед на мислењето кое го имате. Според тоа, во продолжение прочитајте ги седумте факти за рециклирањето кои би требало да ги знаете.

1. Рециклирањето на една конзерва штеди доволно енергија за три часовна работа на еден телевизор или да заштеди два литри бензин.

2. Рециклирањето на еден тон хартија заштедува околу два ипол тони масло, 26 тони вода и околу 3 кубни метри депонија.

3. Енергијата заштедена од рециклирањето на едно стаклено шише може да држи активна една сијалица од 100 вати за околу 4 часа. Исто така предизвикува 20% помало загадување на воздухот и 50% помало загадување на водата, отколку кога се прави нова боца од сирови материјали.

4. За производство на тоалетна хартија дневно се сечат 27 000 стебла.

5. Рециклирањето на едно пластично шише може да сочува доволно енергија да осветли сијалица од 60 вати за 6 часа.

6. На едно стаклено шише му се потребни околу 4000 години за да се распадне, па дури и повеќе доколку се наоѓа на депонија.

7. Дневно умираат илјадници морски животни голтајќи пластични кеси кои им личат на медузи.

Дали и натаму ќе фрлате конзерви? Ќе ги рециклирате ли пластичните шишиња за да заштедите енергија, или и натаму ќе ги фрлате во канта? Размислете уште еднаш кога ќе посетите плажа и посакате да фрлите пластично шише или кеса. Сепак, немаме резервна планета.

Поддржете ја нашата работа: