Во овие зимски денови со пролетни температури, тешко е и да се замисли како изгледа постојано да се живее на температури под нулата. Ви претставуваме седум „ненормално“ студени места на Земјата. Инаку, најниската температура што некогаш е забележана, е измерена на руската истражувачка станица Восток на Антарктикот, на 21 јули 1983 година, и изнесува – 89,2 степени Целзиусови. Иако ниедно од овие места не е олку студено, сепак и тука температурите паѓаат застрашувачки ниско.
ПредходнаСледно
11 Верхојанск, Русија
Според пописот од 2002 година, во Вернхојанс живеат 1.434 жители. Основан е во 1638 година како утврдување и служел како регионален центар за сточарство и за ископување на калај и злато. Се наоѓа на оддалеченост од 675 км. од Јакутск и на околу 2.400 км јужно од Северниот Пол, а помеѓу 1860-тите години и почетокот на 20-тиот век бил користен и за сместување на политичките затвореници.
Не е ни чудно што затворениците ги праќале во Верхојанск, бидејќи просечната температура во јануари тука изнесува -45,7 степени Целзиусови, додека просечните месечни температури остануваат под нула од октомври до април.
Во 1892 година, жителите ја измериле најниската температура која изнесувала – 67,7 степени Целзиусови.
1. Верхојанск, Русија
22 Ојмјакон, Русија
Ова место што се наоѓа во источниот дел на Јакутија е дом на околу 500 до 800 жители. Од главниот град на Јакутија, Јакутск, е оддалечено 1.100 км источно. На 6-ти февруари 1933 тука е измерена температура од -68 степени Целзиусови. Училиштата остануваат отворени и на температура од – 47 степени Целзиусови.
Името на ова место значи „вода што не мрзне“, според локалниот извор со топла вода, од кој жителите полнат топла вода во зима, откако ќе го пробијат дебелиот леден покривач.
Туристичкиот одбор на Ојмјакон го промовира градот како извонредна дестинација за авантуристите желни за екстреми.
2. Ојмјакон, Русија
33 Интернешонал Фолс (International Falls), Минесота –САД
Овој град се наоѓа на границата помеѓу САД и Канада. Тука живеат 6.703 жители (според пописот од 2000 година). Иако не е толку студен како Ојмјакон и Верхојанск, сепак е најладен град во САД.
Зимите во Интернешонал Фолс се долги и студени, со просечна температура во јануари од -16 степени Целзиусови. Живата во термометарот се спушта до -18 степени во повеќе од 60 ноќи во текот на годината, а областа е исто така богата и со снежни врнежи. Овој град води „мртва трка“ со следниот град на нашава листа, Фрејзер во Колорадо, за заштитниот знак „Фрижидер на нацијата“
3. Интернешонал Фолс (International Falls), Минесота –САД
44 Фрејзер, Колорадо-САД
Градот се наоѓа на надморска висина од 2610 метри на Карпестите Планини (Rocky Mountains) и е дом на 910 жители. Лоциран е во близина на познатата скијачка област Винтер Парк (Winter Park), а просечната годишна температура изнесува 0 степени Целзиусови.
Помеѓу Фрејзер и Интернешонал Фолс се води спор околу заштитниот знак „Фрижидер на нацијата“ (Icebox of the Nation). Иако Интернешонал Фолс има поладна зима, просечната температура во Фрејзер е пониска. Двата града постигнале договор во 1986 година кога Интернешонал Фолс му платил на Фрејзер 2.000 долари да го повлече барањето. Но 10 години подоцна, Интернешонал Фолс не успеал да го обнови својот заштитен знак на време, по што започнала правна битка која завршила со пресуда во корист на Фрејзер.
4. Фрејзер, Колорадо-САД
55 Јакутск, Русија
Јакутск е познат како еден од најстудените места на Земјата, надвор од Антарктикот. Најниската температура, надвор од Антарктикот е измерена недалеку од Јакутск, во сливот на реката Јана. Температурата се спушта под нула од септември и не се покачува до мај. Просечната темература во јануари изнесува -37 степени Целзиусови, а најниската измерена температура изнесувала -63 степени.
Во градот живеат 200.000 луѓе, а има театри, музеи, па дури и зоолошка градина. Камионџиите кои вршат снабдување на околните места не ги исклучуваат моторите и по две недели, бидејќи, на тие температури не би можеле повторно да ги стартуваат.
5. Јакутск, Русија
66 Хел, Норвешка
Изреката „Пеколот се смрзнува“ (англ. Hell – пекол), овде е виц. Хел во Норвешка се здоби со слава поради комбинацијата од името и речиси поларните температури. Во февруари 2010 година, просечната температура изнесувала „пријатни“ -7 степени Целзиусови.
Хел (пеколот) е смрзнат просечно една третина од годината – од декември до март.
6. Хел, Норвешка
77 Бароу, Алјаска
Бароу е најсеверниот град во САД, со 4581 жители. Се наоѓа на оддалеченост од само 2.000 км јужно од Северниот Пол и 515 км северно од Арктичкиот круг и има исклучително студени и ветровити зими. Дури и летата се ладни. Температурата не се искачува над нулата се до јуни, но и тогаш достигнува најмногу до околу 5 степени Целзиусови.
До градот може да се стигне само со авион или преку море.
7. Бароу, Алјаска
88 Снаг, Канада
Селото Снаг е лоцирано на територијата Јукон и за првпат е населено за време на златната треска на Алјаска. Се наоѓа во долината на реката Вајт Ривер и има исклучително ниски температури. На 3 –ти февруари 1947г. биле измерени – 63 степени Целзиусови. Тоа е најниската температура измерена во континентална Северна Америка. Просечните температури во Снаг се движат од 1,2 степени највисоката до – 12 степени Целзиусови – што значи постојана зима.
8. Снаг, Канада
ПредходнаСледно