Како изгледа животот во најстудениот град на светот?

Далечното село Ојмјакон кое се наоѓа во Република Саха (Јакутија), во северна Русија, се смета за најстуденото населено место на земјата, со просечни зимски температури од -50 степени Целзиусови. Се наоѓа на оддалеченост од околу 1.000 км. од Јакутск, главниот град на покраината, каде што исто така се регистрирани пониски зимски температури од кој било друг град во светот.

article-2266374-17186FDA000005DC-867_964x577

Името Ојмјакон значи „одмрзната вода“ и се должи на термалните извори кои се наоѓаат во близина на селото. Најниската регистрирана температура во ова село изнесувала неверојатни -71,2 степени Целзиусови, измерени во 1924 година. Само на Антартикот официјално се измерени пониски температури од тука, и тоа рекордни -89,2 степени Целзиусови.

6

Во Ојмјакон живеат околу 500 локални жители кои главно се занимаваат со сточарство и риболов, додека во главниот град Јакутск нешто повеќе од 250 илјади. Па како тие се справуваат со студот? Несомнено мораат да се адаптираат на суровите услови, а еден од начините за да си го олеснат тоа е далеку познатиот „руски чај“, односно руска водка.

Во секој случај, адаптациите кои тие мораат да ги направат се далеку поекстремни и не може да се споредуваат со животот во другите градови, или пак со краткотрајните посети на градот.

1

Земјата во Ојмјакон е постојано замрзната, па поради суровата клима, како и малиот број на жители, тие имаат само една продавница, училиште, пошта, банка, па дури и аеродром (иако авионите не можат да летаат во текот на зимата, па аеродромот е отворен само во текот на летото).

Поради замрзнатата земја, не функционира канализацијата, па нивните тоалети се наоѓаат надвор од куќите.

7

8

Покрај тоа, во случај на смртен случај, поради студенилото и мразот не можат да се ископаат гробови освен ако претходно земјиштето не се загрее со оган.

Локалните жители имаат загреани гаражи за своите автомобили, а во случај да мора да ги остават надвор, тогаш не треба да ги гасат, бидејќи во спротивно нема да можат повторно да ги запалат. И се разбира, ризикот од смрзнатини е голем дури и само по неколку минути надвор.

4

5

Поради замрзнатата земја, невозможно е да се одгледуваат растенија (овошје и зеленчук), па населението главно преживува јадејќи месо и риба.

9За разлика од зимата, летото во Ојмјакон и Јакутск е релативно топло, со просечна температура од 15 до 20 степени Целзиусови, а понекогаш може да достигне и до 34 степени Целзиусови. Но, со оглед на тоа што зимите се долги, а летата се кратки, многу од локалните жители всушност се жалат на потоплите временски услови.

2

3

Поддржете ја нашата работа: