Кое е последното место на Земјата што го открил човекот?

Со популација од приближно 7,4 милијарди, може слободно да се каже дека секаде каде што Земјата има погодно место за живеење, таму сигурно живее некој. Или таму живеат многу луѓе, со оглед на тоа дека само пред 200 години на Земјата имало помалку од една милијарда луѓе, а се очекува бројот на жители до 2100 да достигне 11,2 милијарди.

А бидејќи во моментов на Земјата живеат 6,5 проценти од сите луѓе кои досега биле родени, веќе сме дојдени до точка каде прилично темелно сме ги „прочешлале“ ресурсите  на Земјата (па дури и ако сме промашиле некој дел).

Но, се разбира не било од секогаш вака – пред да ги испратат сателитите во атмосферата, луѓето не успеале да забележат прилично клучни делови на Земјата.

Како што се објаснува во епизодата на „RealLifeLore“, постојат бројни копнени маси на Земјата кои зачудувачки биле превидени до пред релативно кратко време, иако се работи за огромни површини и во близина на веќе етаблирани цивилизации. Па што се случило?

Ако се започне со почетоците на самото човештво во Африка, врз основа на фосилните остатоци може да се каже дека луѓето почнале да мигрираат надвор од Етиопија пред околу 195.000 години.

Било потребно сѐ до пред околу 160.000 до 140.000 години, пред првите луѓе да ја откријат територијата на соседниот Судан, но до пред околу 125.000 години тие успеале да стигнат сѐ до јужниот брег на африканскиот континент.

Успеале дури и да најдат начин да поминат преку море и да стигнат до територијата на денешен Јемен.

Првите луѓе стапнале во Индија пред околу 70.000 години, а потоа и во југоисточна Азија , 3.000 години подоцна. Оттогаш работите добиле побрз тек и луѓето го откриле Египет и поголемиот дел од африканскиот континент, а потоа и Австралија, пред околу 48.000 години.

Political World Map Poster
Political World Map Poster

Откривањето на Австралија е навистина посебно, бидејќи луѓето кои први стигнале таму останале потполно непопречени од други луѓе сѐ до доаѓањето на Британците во 1770-тите.

Тоа значи дека домородните Австралијанци денеска го претставуваат најстарото континуирано општество на Земјата.

Со наглото ширењето на човештвото пред околу 46.000 години, доаѓа до мистериозно исчезнување на Неандерталците.

Да забрзаме до околу 40.000 до 25.000 години кога луѓето откриваат сосем нов континент (Америка), и кога веќе почнуваме да пополнуваме некои празнини во светот, како што објаснува видеото.

Она што сепак е навистина изненадувачки е колку места не биле откриени, како на пример Мадагаскар, кој претставува голема територија и се наоѓа веднаш до брегот на Африка, а е откриен во 500 година од новата ера. И зошто Нов Зеланд, како голема територија погодна за живот, била последна откриена на Земјата дури помеѓу 1250-1300 година, кога се наоѓа толку блиску до Австралија?

На Земјата има уште неколку помали острови што треба да се поминат, но  погледнете во видеото кое било баш последното место каде стапнал човекот.

Само да знаете дека Уран бил веќе откриен, пред да биде откриено ова огромно место.

Поддржете ја нашата работа: