800 000 лица во Индија засадиле повеќе од 50 милиони стебла во рок од 24 часа

Indian women plant saplings on the outskirts of Allahabad, India, Monday, July 11, 2016. Hundreds of thousands of people in India's most populous state Uttar Pradesh are jostling for space as they attempt to plant 50 million trees over the next 24 hours in hopes of setting a world record. (AP Photo/Rajesh Kumar Singh)

Индија е една од земјите кои учествуваат на конференцијата за климатски промени одржана во Париз. Во договорот кој беше потпишан на Денот на планетата Земја. Таа се обврза да потроши 6 милијарди долари на пошумување на 29% од површината на својата територија до 2030та година.

Индијците во процесот на пошумување го срушиле рекордот. Во рок од 24 часа засадиле 66 милиони стебла. Во областа Мадја Прадеш, доброволци засадиле 6 630 000 стебла во периодот помеѓу 7:00 и 19:00 часот. Поради ваквиот резултат, Индија се надева дека ќе го обори Гинесовиот рекорд. Рекордот го држи Пакистан со засадени 847,275 стебла. Во процесот на садење учествувале 800.000 доброволци кои саделе 80 различни видови на садници покрај патиштата на јавни површини.

Индија се обидува да стане модерна земја инвестирајќи во зелена енергија и во борбата против загадувањето почнувајќи од локалната заедница до големите произведители.

Земјата изгуби голем дел од своите шуми поради прекумерното сечење. Луѓето сечеле стебла поради огрев, проширување на пасишта и создавање на нови обработливи површини.

Сега им претстои грижа за садниците кои треба редовно да се полеваат со вода и да се заштитат од болести и штетници. Обично околу 40% од садниците не успеваат да преживеат после таквите масовни пошумувања. Експертите ќе го надгледуваат теренот од воздухот за да видат на кои области треба да се обрне поголемо внимание.

И други земји исто така почнале да засадуваат стебла како обид да се изборат со глобалното затоплување. На пример африканските земји се обврзани да пошумат 100 милиони хектари од своето земјиште.

Поддржете ја нашата работа: