9 знаци за недостаток на железо кои не треба да ги игнорираме

Железото е метал кој, иако звучи како нешто што не може да се јаде, всушност е многу важна хранлива состојка. Меѓутоа, милиони луѓе од целиот свет не го внесуваат доволно во својот организам.

Всушност, недостатокот на железо е најчестото и најшироко распространетото нарушување во исхраната во светот, според СЗО, која проценува дека околу 2 милијарди луѓе, или 30% од целата популација на светот, имаат анемија која се предизвикува од недостаток на железо.

Внесувањето на доволно железо е од суштинско значење за здрава крв, добро ниво на енергија и одржување на општата здраствена состојба. Без него, шансите за внатрешно крварење се повисоки, енергијата и продуктивноста опаѓаат, и многу полесно може да дојде до некаква инфекција.

Па, доколку не сте сигурни дали имате анемија предизвикана од недостаток на железо, погледнете дали некои од симптомите подолу ви се чинат познати:

1. Замор

Доколку немате доволно кислород кој се движи низ вашето тело, вклучувајќи го и мозокот, ќе се чувствувате слабо и ќе имате недостаток на енергија. Ако се чувствувате изморено, и покрај тоа што немате никакви стресови и недостаток на сон, тоа се должи на ниското ниво на железо.

1428068776_bahar_dogaya_can_verirken_insanlari_yorgunluga_surukluyor_bb2

2. Недостаток на воздух

Намаленото ниво на кислород значи дека секогаш ќе чувствувате недостаток на воздух, без разлика колку длабоко вдишувате. Недостатокот на железо предизвикува да се задишите дури и при мали лесни активности, како на пример качување по скали, носење на лесни предмети или при долги прошетки.

3. Бледило

Хемоглобинот, составен од железо, е оној кој ја дава црвената боја на крвта при снабдувањето со кислород. Па, доколку имате недостаток на железо, ќе имате и недостаток на хемоглобин и може да изгледате побледо отколку нормално.

4. Кршливи нокти

На секој дел од вашето тело му треба кислород за да расте и напредува, вклучувајќи ги и вашите нокти. Доколку тие одеднаш почнат многу да се кршат, намаленото ниво на железо може да е причината.

5. Опаѓање на косата

Исто како и на ноктите, и на вашата коса и е потребен кислород. Без него, станува слаба и кршлива, и се повеќе склона кон опаѓање.

Губењето на косата е исто така е знак дека вашето тело го прекинува добивањето на хранливи материи до „несуштинските“ делови од вашето тело, како што е косата, со цел да ги одржи основните органи во здрава состојба.

Добрава вест е дека доколку го покачите нивото на железо, растот на косата ќе се поврати.

gty_hair_loss_woman_nt_130828_16x9_992

6. Главоболки

Главоболките се случуваат кога артериите во мозокот ќе отечат, што се случува кога нивото на кислород не е доволно високо. Заедно во комбинација со заморот, нема да се чувствувате најдобро доколку не внесете доволно железо.

7. Чувствителност на ладно

Движењето на крвта е она што не одржува топли, особено кислородот кој го носи во себе. Железото исто така, игра голема улога во функцијата на тироидната жлезда која помага при регулирањето на телесната температура. Па, ниското ниво на железо значи дека ќе чувствувате студ, дури и ако не се наоѓате во ладна средина.

8. Синдром на немирни нозе

Луѓето со клеточен недостаток на железо имаат поголема веројатност за згрчени, треперливи нозе што ќе им предизвикува потешкотија при спиењето.

Тоа е поврзано со рецепторите за апсорпција на железото во мозочните клетки кои не работат правилно и ослободуваат допамин, кој предизвикува вашите нерви да се раздвижуваат и да имате чувство на немирни нозе.

9. Депресија

Ниското ниво на кислород може да влијае и на вашето психичко здравје. Едно истражување од 2013-та година покажало поврзаност меѓу анемијата од дефицит на железо и депресијата, анксиозноста, биполарното раствојство и хиперактивноста.

Дури и ако не предизвика директно депресија, овој тип на анемија може да предизвика симптоми слични на депресијата како што се раздразливост, губење на апетит и промени во расположението.

Young man sitting looking upset

Внесувањето на доволно железо всушност е многу лесно. Спанаќ, црвено месо, грав, острига и сл. – сите се богати со железо, како и многу од житариците. Витаминот Ц исто така помага при апсорпцијата на железо.

Сепак, внимавајте, не земајте железо во преголеми дози бидејќи и тоа може да биде штетно. Доколку не сте сигурни за доволната количина, консултирајте се со вашиот доктор.

Поддржете ја нашата работа: