1 лажичка шеќер – 80 часа струја

Тим од кинески студенти успеале да модифицираат три различни бактерии, со цел да создадат микробиолошки ќелии за гориво. Трите бактерии кои се искористени за микробиолошко гориво се „E. coli“, „B.subtilis“ и „Shewanella“. За сите овие бактерии доволна е само една лажичка шеќер за да произведат многу енергија – конкретно 80 часа.

Истражувањето е сѐ уште во почетна фаза, па затоа не е можно прецизно да се посочи можната примена, но со оглед на успехот што е постигнат и состојката која се користи, ова би можело да се покаже како многу ефикасно, ако се спореди со соларните централи или ветерните турбини.

Тимот кој работел на овој проект го сочинувале 17 студенти од Универзитетот Тијанџин и двајца средношколци. Тие, хранејќи ги споменатите бактерии само со лажичка шеќер успеале да создадат стабилно електрично производство.

Истражувањата со микробиолошки ќелии за гориво се одвиваат веќе подолго време, но заради малиот метаболички капацитет, беше тешко да се произведе ефикасна електрична енергија. Според водачот на тимот, Линг Веи, кој студира фармацевтски инженеринг, најиновативен чекор што тие го направиле е тоа што искористиле повеќе видови на бактерии.

Максималното производство што е постигнато на тестирањата изнесува 520 миливолти. Системот бил тестиран 80 часа и за тоа време продукцијата била константна. Се што било потребно за ќелиите било лажичка шеќер или трева, состојки што се достапни во изобилие, истакнува Линг.

„Новите енергии како соларната и ветерната имаат ниска стапка на конверзија и веројатно затоа што не можеме доволно да ги искористиме – стапката може да достигне само 20 проценти. Што се однесува до нашиот систем, тој може ефикасно да продуцира електрична енергија на високо ефикасен начин и може ефикасно да ги претвори неорганските супстанции како солта, заедно со обичната гликоза, во електрична енергија“.

Лиу Јуе, биохемиски инженер вели:

„Се надеваме дака ќе го направиме овој систем помал, и со производство на големо количество на енергија, за да може ова да стане една од новите енергии во иднина, исто како литиумските батерии што секојдневно ги користиме“.

Погледнете го видеото.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt