Да ги именуваме новите планети

Повеќето од нив имаат досадни имиња, како на пример ѕвездата 51 Пегаси и нејзината планета 51 Пегаси б.

Меѓународната астрономска унија бара помош од јавноста да именува 20 од овие ѕвезди и нивните планети преку онлајн гласање на следниов линк. Но, има неколку правила кои треба да ги почитувате.

 

Не можете да предложите какво било име, бидејќи не може да се напише име, туку треба да се одбере од понудениот избор, кој го селектирале астрономските друштва и непрофитни организации низ целиот свет. Така, на пример, за 51 Пегаси и 51 Пегаси б има 11 предложени имиња, вклучувајќи ги „Аполонис“ (според Аполо) и „Нил“ (според американскиот астронаут Нил Армстронг). Сите предложени имиња доаѓаат во пар, за ѕвездата и нејзината планета (или планети) да имаат имиња во согласност со една тема, а темите вклучуваат загрозени животни, антички богови, ликови од народни приказни итн.

Можете да гласате само по еднаш за секоја ѕвезда, до 31 октомври. Резултатите ќе бидат објавени во средината на ноември.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt