Гледањето риби е добро за здравјето

Гледањето на рибите и морските суштества, како си пливаат во своите аквариуми е чудно смирувачко и хипнотичко. Според истражувањата коишто се неодамна објавени во „Environment & Behavior“, тоа е премногу добро а вашето здравје.

Британските истражувачи од Универзитетотот во Плимут и Универзитетот во Ексетер, соработувале со Националниот морски аквариум, за да ги пратат промените во физичкото и менталното здравје кај луѓето, после тура низ аквариум.

После гледањето на морскиот свет во Националниот морски аквариум, учесниците имале намален пулс и крвен притисок. Исто така истражувачите изјавиле дека расположението на луѓето било многу подобро кога имало многу повеќе риби во резервоарот.

Истражувањата досега ни покажале дека на луѓето им годи да поминуваат повеќе време во природни опкружувања, но немало конечни истражувања за тоа какви ефекти има морското опкружување на расположението и благосостојбата.

„Аквариумите со риби често се поврзуваат со обидите за смирување на пациентите во чекалните на ординациите“, вели Дебора Кракнел, студент на докторски студии и водач на истражувањето. „Ова истражување, за прв пат докажа дека изложеноста на подводни поставки има позитивно влијание на добросостојбата на луѓето“.

„Додека големите јавни аквариуми обично се фокусираат на нивната едукативна мисија, нашето истражување сугерира дека би можеле да се понудат уште низа неоткриени бенефиции“, вели д-р. Сабина Пал, вонреден професор по психологија на Универзитетот во Плимут. „Во време на голем стрес, тешка работа и преполн урбан живот, можеби аквариумите би можеле да обезбедат оаза на мир и релаксација“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt