Претставени нови контактни леќи за далтонизам

Во списанието Advanced Healthcare Materials, објавен е напис во кој се вели дека наскоро пристигнуваат нови контактни леќи за далтонизам. Поточно за еден облик на далтонизам.

За ова наследно генетско нарушување сеуште не постои лек, но научниците настојуваат да се изработуваат медицински помагала. Корективните методи кои во овој момент се достапни (очила за филтрирање на бојата) се скапи и непријатни за носење, но и не се компатибилни со другите помагала за вид.

Човечкиот вид е триколорен, па не секоја боја во спектарот може да предочи комбинација со сина, зелена и црвена. За распознавање на бојата се задолженаи клетките во мрежницата. Поделени се на три групи и секоја група детектира различни бранови должини на светлината: кратки (сини), средни (зелени) и долги бранови должини (црвени).

Кога недостасува некоја од овие групи на конуси, мозокот од окото прима нецелосни информации. Најчест облик на таа појава, далтонизам е слепило на црвена и зелена боја, во неколку различни облици (protanomaly, protanopia, deuteranomaly и deuteranopia).

Во оваа нова студија се употребувани ефтини комерцијални меки контактни леќи кои лабораториски биле обоени со нетоксичен дериват на родамин. Родаминот се користел бидејќи има способност за апсорбирање на одредени бранови должини во внатрешноста на видливиот спектар.

Откриено е дека таа боја го апсорбира распонот помеѓу зелената и црвената боја во спектралниот појас кој го покрива распонот на две групи оптички приклучоци. Со елиминација на тој распон низ обоена леќа е спречено стимулирање на конусите за црвени и зелени бранови должини, што овозможува подобра диференцијација на црвените и зелените бои.

Д-р. Хајдер Бат од Универзитетот во Бирмингем вели: “Контактните леќи за далтонизам се најпогодно помагало бидејќи го корегираат цело видно поле. Процесот на нанесување на родамин не бара сложени припреми, таа боја не е токсична, а производството на стаклени ли пластични леќи за очила не е скапо”.

Наскоро следуваат и клинички испитувања.

Поддржете ја нашата работа: