Ние, луѓето, можеби сме најнапредниот вид во животинското царство, но сепак постојат некои работи во кои дефинитивно сме безнадежни, како што е гледањето во темница.
Зошто суштествата како што се бувовите и мачките може да гледаат во темница толку многу подобро од нас? Ова прашање го објаснува биологот Ана Штукл, од Универзитетот Лунд во Шведска, во видеото што може да го погледнете подолу.
Различните видови на животни различно еволуирале и користат различни методи за да гледаат во темнината. Но пред тоа, корисно е да се знае како всушност функционираат нашите очи при недоволна осветленост.
Во суштина, нашите очи ги фаќаат светлосните честички наречени фотони, кои удираат во фоторецепторите на мрежницата во задниот дел на окото. Тие се конвертираат во електрични сигнали и се праќаат назад во мозокот, кој што ги интерпретира и ни кажува што гледаме. Колку повеќе светлина има околу нас, толку повеќе фотони пристигнуваат во окото и подобро гледаме.
Додека нашите очи сепак некако се приспособуваат кога ќе се стемни – со тоа што зеницата се шири за да може да влезе повеќе светлина – сепак не сме толку добри во гледањето во темнина како многу други суштества.
На пример, бувовите имаат многу големи очи кои им овозможуваат да соберат повеќе фотони – како додадок на специјализираните стапчиња (фоторецепторни клетки) во задниот дел на окото. Со тоа што прават кружни движења, рефлекторниот систем во нивните очи наречен „tapetum lucidum“ им овозможува да ја видат светлината која доаѓа не еднаш, туку два пати.
Мачките исто така ја имаат структурата „tapetum lucidum“ како кај бувовите, со тоа што кога ги гледаме нивните очи навечер, тие имаат морничав сјај бидејќи светлината се одбива назад од фоторецепторите.
Жабите, пак, користат различна техника – на нивните очи им треба подолго време за да изградат слика, за да можат што повеќе фотони да пристигнат. Тоа значи дека тие добиваат ажурирана слика на секои четири секунди.
За крај, да ја споменеме и и вечерницата (ноќна пеперутка) која всушност може да ги види цвеќињата во боја во текот на ноќта. Тоа го прави со групирање на информациите од соседните фоторецептори, со што се губи острината како и некои детали.
Навистина е неверојатна оваа способност за гледање во темница, но и ние луѓето имаме нешто што тие го немаат – сијалици!