Нова технологија што и не е така нова: ЛЕТЕЧКИ ВЕЛОСИПЕД

Се движи со брзина од околу 25км/ч на земја и 40км/ч во воздух. Исто така, може и да лета до височина од 1 200 метри и – што е најдобро, не ви треба пилотска дозвола. Паравело важи за прв летечки велосипед, но мора да се нагласи дека оваа титула тој сепак не ја поседува.

 

Првиот летечки велосипед полетал на 9-ти ноември 1961 година, кога Дерек Пигот од Универзитетот во Саутемптон, летал на велосипед со тело слично на авион. Бил наречена „Сумпак“ (Southampton University Man Powered Aircraft). Дерек морал жестоко да врти со педалите за да го подигне велосипедот од земја. Тој тогаш летал нешто повеќе од 64 метри, на висина од 1,8 метри над земјата. Тоа што летот бил спор и краток не го менува фактот дека тоа бил првиот летечки велосипед управуван од човек.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.