Нова модерна микробранова

Со сегашните микробранови, единствениот начин за да дознаеме дали нашата храна е готова, е да ја изгаснеме микробрановата и да ја извадиме храната. Марк Робер, поранешен инженер на НАСА, создаде и патентира прототип на микробранова која содржи инфрацрвена камера која ви покажува како храната менува боја, со што можете да видите кога храната е готова, без да ја вадите.

„Како луѓе, првично се потпираме на нашето сетило за вид. Би било многу подобро кога едноставно би можеле да гледаме како предаторите, односно само да ја погледнеме храната и да може да ја видиме нејзината температура за да знаеме дали е готова. Неверојатната вест е што сега тоа е возможно!“, вели Робер.

Како функционира? Внатре во микробрановата е прикачена инфрацрвена камера, додека надворешната страна е екран, кој ви покажува топлотна мапа на она што камерата го снима. Храната најпрво има плава боја, бидејќи е ладна. Како што се стоплува преминува во црвена, за кога ќе биде готова да премине во бела боја.

Погледнете го видеото за да видите како функционира тоа со замрзнато бурито!


ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt