Пишување со прст во воздух

Уредите што можат да се носат, како на пр. оние што може да се стават на глава (HMDs displays), последниве години го пробиваат својот пат во работните средини, при што оваа (ИКТ) технологија не им пречи во извршувањето на своите работни задачи на оние што ја носат. Но, кај „HMDs“ не е лесно да се прикаже избраната информација како „да“ или „не“, да се внесат бројки, да се прават белешки за работните услови или да се извршуваат други неопходни работи.

Уредот на „Фуџицу“ кој може да се носи како прстен, ги идентификува движењата што корисникот ги прави со прстот во воздухот и ги бележи како букви. Со пишување со еден прст во воздух, операторот може да одбере опции од менито или да прави забелешки на фотографиите направени на терен. Со примена на сопствена технологија која ги корегира трагите во вид на букви, „Фуџицу“ успеа да ја подобри точноста со која се идентификуваат карактерите. На тој начин, можно е да се препознаат различни карактери – од бројки па се до знаци од кинеското писмо. Покрај тоа, читачот на „NFC“, му овозможува на операторот да се приклучи на означениот објект за да ја прикаже соодветната информација за деталите од операцијата, или за инструкции.  
Оваа технологија му овозможува на операторот да ги кориси податоците, без да престанува со работа и со минимум движења, дури и додека држи други алати.

„Фуџицу“ го тестира уредот во реални услови, со цел неговата практична примена да започне во текот на 2015 година.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt