Во едно ново истражување се вели дека контракциите, всушност ги зголемуваат шансите за забременување.
Истражувачите од институтот за неплодност во Валенсија покажуваат дека бројот на контракции на матката во минута е параметар поврзан со успех во процедурите за вештачка инсеминација.
Истражувањето е со времетраење од 5 години и вклучува околу 600 жени.
Бројот на контракции на матката во минута е параметар поврзан со успех во вештачкото оплодување .
Вештачката инсеминација , според експертите, е една од помошните техники на репродукција , која во последниве години многу малку се има усовршено и полека ја губи ефикасноста во споредба со други покомплексни техники.
Иако е широко користена, податоците велат дека дека оваа техника има стапка на успех од 15-20% на годишно ниво ако се врши со сперма на партнерот, а 25% ако се врши со сперма на донаторот.
Во истражувањето се вклучени и други варијабли како што се видот на оплодувањето, возраста на мајката и бројот на фоликулите.
Како може да се подобрат резултатите од примената на оваа техника ?
Според професорот Мануел Фернандез-Санчез „ Синхронизацијата на денот на оплодување со моментот на фоликуларна руптура (кога јајце-клетката се ослободува) е клуч за подобрување на резултатите од овој вид на третман “
Неопходно е да се продолжи со подобрувања и зголемување на стапката на успешност, со оглед дека сеуште претставува наједноставна, широко користена техника.
































