Структурата на лицето на фудбалерите е значаен показател за нивната изведба на теренот, вклучувајќи ја и веројатноста за постигнување голови, асистенции и прекршоци- се вели во едно истражување, предводено од универзитетот Болдер, Колорадо.
Истражувачите го проучувале односот ширина-должина на лицето (FHWR) кај околу 1000 фудбалери од 32 земји кои учествувале на Светското првенство 2010.
Резултатите, објавени во „Adaptive Human Behavior and Physiology“ покажаа дека играчите од средината , кои преземаат офанзива, дефанзива и напаѓачите со повисок „FWHR“ имаат поголеми шанси да извршат прекршоци. Напаѓачите со повисок „FWHR“, исто така, се со поголема веројатност да постигнуваат голови или асистенции.
„FWHR“ е растојанието помеѓу јaболчниците поделено со растојанието помеѓу средината на челото и горната усна. Претходните студии покажаа дека висок „FWHR“ е поврзан со поагресивно однесување, со позитивни и негативни резултати. На пример, висок „FWHR“ е во корелација со поголема асоцијалност и неетичко однесување, но тоа, исто така, е во корелација со поголем успех меѓу извршни директори и успешни кампањи меѓу американските претседатели.
Сепак, некои претходни истражувања не успеаа да пронајдат корелација помеѓу „FWHR“ и агресивното однесување во одредени популации. Ова истражување оди во прилог на аргументот дека „FWHR“ е во корелација со агресија. Велкер и соработниците го избраа Светското првенство 2010, поради квалитетот и квантитетот на достапните податоци.
Постојат голем број на податоци за перформансите на играчите на Светското првенство, кое квантифицира голови, прекршоци и асистенции, обезбедува мултинационален начин за одговор на тоа дали структурата на лицето е показател за агресивно однесување и перформанси.
Научниците имаат неколку идеи за тоа како „FWHR“ е поврзано со агресија. Една од варијантите е изложеноста на тестостерон порано во животот. Тестостеронот за време на пубертетот може да влијае на различни физички карактеристики, вклучувајќи ги и густината на коските, мускулниот раст и кранијалната форма.
Со цел и ние да ја тестираме оваа теорија сакавме да направиме споредба помеѓу двајца добропознати напаѓачи од Премиер лигата, Вејн Руни и Петер Крауч кај кои како што може да се забележи од сликите имаат различен „FWHR“, но да видиме што кажува статистиката.
Вејн Руни – Има постигнато 176 голови на 382 утакмици или околу 1 гол на секоја 2-ра утакмица, додека просекот на жолти картони му е 1 картон на секоја 5-та утакмица
Петер Крауч – Има постигнато 90 голови на 369 утакмици или 1 гол на секоја 4-та утакмица, додека просекот на жолти картони му е 1 картон на секоја 14-та утакмица
Овие податоци сигурно дека ќе варираат од играч до играч но кога би типувале на жолти картони сигурно би ја земале оваа статистика и истражување во предвид, посебно за младите играчи за кои и самите кладилници немаат доволно голема низа на статистички податоци за да можат да ги намалат коефициентите за одреден играч.
| Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk. Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас. Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни! |






























