„Blu – ray“ дисковите ги подобруваат перформансите на соларните ќелии

Тим од истражувачи откри дека моделот на кој се запишани информациите на „blu – ray“ дискот, и тоа независно дали се работи за некој акционен или пак цртан филм, функционира многу добро за подобрување на апсорпцијата на светлината.

„Blu – ray“дисковите содржат повисока густина на податоци од „DVD“ и „CD“ дисковите. Овој модел на складирање на податоци , што со тек на годините беше усовршен од инженерите, кога ќе се пренесе на површината на соларни ќелии ја обезбедува вистинската текстура за да се подобри апсорптивната моќ и ефикасноста на соларните ќелии.

Истражувачите тестирале голем број на филмови и телевизиски серии складирани на „blu – ray“ дисковите, вкучувајќи акциони филмови, документарци, цртани филмови и содржини во црно-бела техника и утврдиле дека видео содржината не игра никаква улога. Сите содржини имале подеднакво добар ефект во зголемување на апсорптивната моќ на соларните келии. Овие наоди објавени се во  списанието „Nature Communications“.

Што се однесува на соларните ќелии, веќе е познато дека ако одредена текстура се постави на нивната површина, светлината се „распрскува“ поефикасно, со што се зголемува ефикасноста на ќелијата. Научниците веќе долго време се обидуваат да ја пронајдат најефикасната текстура со разумна производствена цена.

Истражувачите од Нортвестерн покажаа дека бинарниот систем од 0 (нули) и 1 (единици) вграден како островца и јами во „blu – ray“ дисковите за снимање на видео записите, им ја даваат на соларните ќелии скоро оптималната површинска текстура што ја подобрува нивната апсорпција на голем опсег од сончевиот спектар. За да откријат зошто е тоа така морале подетално да го разгледаат алгоритамот за обработка на податоци на „blu – ray“ стандардот и забележле дека тој им служи за две главни функции:

  • Обезбедување на што е можно поголема компресија, со тоа што ќе се направи конверзија на видео записот во навидум случајни секвенци на 0-ли и 1-ци.
  • Зголемување на толеранцијата на грешки со вметнување на контролиран вишок во секвенците за податоци , што исто така го лимитира бројот на последователни 0-ли и 1-ци.

444f2

Според истражувачите, овие функции резултираат со привидно случајни низи од островца и јами (0-ли и 1-ци) со функционална големина помеѓу 150 и 525 нанометри. Овој опсег се покажал како извонредно добар за апсорпција на севкупниот сончев спектар. 

Севкупнато зголемување на апсорпцијата на овие „blu – ray“ соларни ќелии изнесува 21,8 проценти. Овој модел би можел да имаа широка примена за зголемување на апсорпцијата на разни видови соларни ќелии, истакнуваат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: