Батерија од отпушоци од цигари

Во статијата обjавена во списанието „Nanotechnology“, во кратки црти е опишан процесот на трансформација на употребените филтри од цигарите, кои главно се составени од влакна на целулоза-ацетат, кој се смета за токсичен и претставува опасност за животната средина.

Нашата студија покажува дека филтрите од цигарите можат да се трансформираат во материја на база на јаглерод  во многу едноставен процес , истовремено обезбедувајќи еколошко решение за потребите на општеството од енергија-вели професорот и автор на студијата, Јонг Хаион Џи.

Краен резултат од ова е т.н. „supercapacitor“ кој складира повеќе енергија, се полни побрзо и трае подолго од  која било досега достапна алтернатива.

Јаглеродот како материјал кој ќе се користи во „supercapacitor“ доста ветува со оглед на тоа дека е ефтин, високо порозен, стабилен и има голема спроводливост, се додава на крајот од статијата.

Според одредени Асоцијации за борба против пушењето , отпушоците се најчестиот отпаден материјал  ширум светот , кој се фрла  по принципот „ кој кај стигне „ и создаваат 765 000 тони ѓубре годишно.

 

enauka.mk
9,252наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,325денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.