Шест луѓе оваа Нова година имаа можност да ја дочекаат неверојатни 16 пати.
Станува збор за екипажот на Меѓународната вселенска станица, кој поради брзината со која се движи модулот на Меѓународната вселенска станица има можност да ја заобиколи планетата повеќе пати во рок од 24 часа. Ова им овозможува на астронаутите да прославуваат Нова година неверојатни 16 пати.
Tројца астронаути испратија видео порака до сите жители на планетата Земја во која им ја честитаат новата 2016 година.
Среќна Нова година и од тимот на ЕНаука.мк
































