Сеопфатна анализа на 10 милиони „протечени“ лозинки ни покажува колку слични можат да бидат луѓето при изборот на лозинка како и на тоа дека со вакви информации нетреба да сте професионален хакер за да успеете да „хакирате“ голем број компјутери.

Во 2016 година имаше повеќе големи хакерски напади, преку кои лозинките на илјадници луѓе беа откриени онлајн. Овие лозинки им помогнаа на истражувачите да ги откријат безбедносните навики на милиони луѓе.

Компанијата за безбедност „Keeper“ откри дека дури 17 отсто од луѓето ја користат основната и несигурна лозинка 123456.

На второ место се најде лозинката 123456789, по што следува qwerty. Следни на листата се 12345678 и 111111.

„Четири од топ 10 лозинки на листата, и седум од топ 15, се со шест или помалку карактери. Ова е зачудувачки поради фактот што, како што објавивме, денешниот софтвер за хакирање може да ги открие тие лозинки за неколку секунди. Операторите на веб-страниците кои дозволуваат толкава слаба заштита, или се мрзеливи, или се невнимателни“, пишува еден од истражувачите.

Покрај ова, од „Keeper“ велат дека препораките за добра безбедност не успеваат да стигнат до многу луѓе.

„Листата на најчесто користени лозинки се сменија малку во изминатите неколку години“, пишува во извештајот. „Тоа значи дека едукацијата на корисниците има граници. Она што е важно за нив е да бидат свесни на ризиците, мал дел од нив никогаш нема да се потрудат да се заштитат. ИТ администраторите и операторите на веб-страниците се тие што мора да ја завршат нивната работа“.

Долгите лозинки може да бидат потешки за паметење. Но тоа, не е изговор за да се користат лесни лозинки. Експертите ги советуваат луѓето да користат различни, силни лозинки за секој сервис или веб-страница на кои имаат профил.

Во продолжение, листата на 25-те најкористени лозинки во светот:

1. 123456

2. 123456789

3. qwerty

4. 12345678

5. 111111

6. 1234567890

7. 1234567

8. password

9. 123123

10. 987654321

11. qwertyuiop

12. mynoob

13. 123321

14. 666666

15. 18atcskd2w

16. 7777777

17. 1q2w3e4r

18. 654321

19. 555555

20. 3rjs1la7qe

21. google

22. 1q2w3e4r5t

23. 123qwe

24. zxcvbnm

25. 1q2w3e

Извор: radiomof.mk

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt