14 лица го контролираат интернетот со помош на 7 клучеви

СПОДЕЛИ

Никој од нив сам поединечно не може да направи нешто, а сите заедно се најголемиот сон на хакерите.

Клучеви се седум, еден клуч поседуваат две лица, а седум од тие 14 се собираат четири пати годишно, со цел да генерираат еден главен клуч и нова главна лозинка со помош на комбинација од седумте клучеви. Иако звучи како научна фантастика, всушност ова е вистинска приказна која раскажува за луѓето и процедурата со која се контролира интернетот во целиот свет. Суштинската работа е многу едноставна.

Местото на средбите е високоосигураниот простор во Ел Сегундо, во предградието на Лос Анџелес, каде зад челични решетки се наоѓаат обезбедени хај-тек трезори. Во оваа просторија не може да пробие било каков електронски сигнал, а пристап во неа нема ни персонал за чистење, ниту лицата кои го обезбедуваат објектот. Сопственик на овој простор е ICANN (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers – Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви).

Од 2010та година, четири пати годишно се одржуваат состаноци за потпишување на клучевите. Интернет-адресите се состојат од низи на броеви. За луѓето да можат да ги запомнат адресите, низите на броеви се заменуваат со имиња. ICANN на секое име на интернет доделува по еден од овие низи на броеви, односно ај-пи адреса.

Освен седумте сопственици на клучеви, во светот има седум нивни заменици. Кога зборуваме за клучеви, зборуваме за вистински метални клучеви кои отклучуваат еден сеф во кој се наоѓа картичка, и на состанокот претставува алатка за брз пристап до главниот клуч. Главниот клуч е компјутерски код кој служи како лозинка со чија помош единствено може да се влезе до ICANN базата на податоци.

Погледнете го видеото:

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------