Секој родител го сака најдоброто за своите деца , но оваа студија потврдува дека строгиот и агресивен пристап на крајот може да заврши лошо.
Едно девет годишно истражување во Мериленд, ги следело животите на 1500 деца во текот на адолесценција. Децата биле следени од дванаесеттата па се до нивната 21 годишна возраст.
Научниците донеле заклучок дека детето има најголеми шанси за отсуство од настава, без оглед на оценките, доколку родителите го воспитувале пропратно со викање, удирање, закани и агресивни казни. Покрај такви родители, децата исто така имаат поголема шанса за ризични однесувања, како тепачки, кражби и слично.
Покрај тоа, децата се поподложни на својата околина, ги ставаат своите пријатели на прво место и го бираат она поради кое ќе се чувствуваат добро краткотрајно без да погледнат на пошироката слика. Таквото однесување вклучува избегнување на домашните задачи и долготрајно дружење со пријателите и покрај забраните.
Истражувањето пред се обрнало внимание и на параметрите кои исто така имаат врска со академскиот успех, како социо-економското потекло и просекот на оценките. Децата со построги родители, најчесто се свртувале на околината и повеќе се грижеле за мислењето на своите пријатели, ставајќи го тоа мислење пред своите училишни обврски, правилата во својот дом и долгорочните планови за образование. Кај женските деца е забележано рано впуштање во сексуални односи, а кај машките во деликвенција.
Главниот автор на студијата, Рошел Ф. Хентгес, објаснува дека не е необично, младите под такви околности да повеќе се грижат за краткотрајните на штета на долготрајните планови.
Мотивацијата на оваа студија била да се дознае зошто децата имаат послаби образовни резултати и истовремено се впуштаат во ризици. После ваквите резултати, истражувачкиот тим се надева дека ова сознание може да донесе до почести и подобри програми за интервенција кај ваквите случаеви.
































