Нова надеж за милиони заболени од рак: Откриени наночестички кои го убиваат ракот

Група од руски научници предложи нов начин на лекување на заболените од рак, врз база на наночестички кои им предизвикуваат повеќе штета на клетките од конвенционалните препарати кои се користат при лекување од оваа болест.

Научниците тврдат дека наночестичките делуваат и на клетките кои се поотпорни на конвенционалните лекови.

Наночестичките се направени од цитохроми, протеини од група на хемопротеини и кардиолипин, клучен дел од внатрешната митохондријална клеточна мембрана.

Научниците од московскиот Државен Универзитет, Северниот Универзитет во Бостон и руската Академија за наука, демонстрирале начин на кој наночестичките ги уништуваат клетките на ракот, со тоа што делуваат директно на клеточната мембрана или на митохондриската мембрана. Откритието е објавено во списанието Pharmaceutical Research.

“Ние предлагаме да се продолжи со понатамошно истражување во оваа област, со цел да се создаде фундаментален нов тип на третман за пациентите заболени од рак”, вели Јуриј А. Владимиров, еден од авторите на истражувањето.