Во иднина дури и кучињата ќе имаат таблет

Научници од САД работат на развој на екран за таблет, чувствителен на допир кој би можеле да го користат и кучиња, тренирани да повикаат помош или да пратат итна порака.

По елекот со додаток, кој кучето мора да го загризе за да пренесе итна порака или точна локација, екраните би биле нов начин за милениците да повикаат помош во случај да им треба лична, или помош на неговите сопственици.

Проектот го води Мелоди Џексон, директор на лабораторијата за интеракција на компјутери и животни на Универзитетот Georgia Tech.

Кучето би можело да дојде до екранот и да активира серија од икони кои ќе повикаат итна помош на локацијата каде тоа се наоѓа. Мислиме дека овој пронајдок навистина ќе го промени секојдневието на подобро, вели Џексон.

Оваа технологија, покрај кучињата, би можеле да ја користат и други миленици. Тимот од научници, предводени од Џексон, пред неколку години откриле дека разни видови на кучиња поседуваат посебни информации кои треба да ги пренесат, а до сега немале конкретно добар начин за тоа, па затоа се одлучиле да се фокусираат на технолошки решенија.

Џексон со својот тим го тренирала шкотскиот овчар по име Скај, да на големиот екран со нос го активира бројот 911, штом слушне дека некој бара помош, или се најде во невоља. Така кучето со помош на таблетот ќе направи итен повик.

Бојата на копчињата, бројот и големината, поголемиот дел од научниците се обидуваат што повеќе да го прилагодат на животните за подобро да ја оптимизираат технологијата. Целиот проект е сеуште во фаза на прототип, но научниците се надеваат дека овие решенија наскоро ќе можат да стигнат на пазарот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt