Милиони тони пластичен отпад во океаните доаѓа од само десет светски реки

Само десет реки, од кои осум во Азија, би можеле да бидат одговорни за дури четири милиони тони пластичен отпад во големите води на годишно ниво.

Точната пресметка за изворот и количината на пластичниот отпад во океаните е тешка за да се добие. Резултатите од претходнто истражување откија дека приближно една петтина од севкупниот пластичен отпад, доаѓа од човечка активност на големите води – пластика која ја фрлаат рибарите, бродовите и слично, а останатите четири петтини доаѓаат од копното.

Во трудот на германските научници, објавен во списанието Environmental Science and Technology, стои податок дека годишно од реките во океаните се излива помеѓу 410 000 до 4.000.000 тони пластичен отпад, а 88 до 95% од тој износ доаѓа од само 10 реки.

Тоа се: Јангцекјанг, Кси и Хуангпу во Кина, реката Ганг во Индија, реката Крос во Камерун, Брантас и Соло во Индонезија, Амазон,чиј поголем дел тече низ Бразил, реката Пасинг на Филипините и реката Марилао.

Научниците користеле слична методологија на онаа која е применета на едно претходно истражување, спроведено од страна на холандски научници, кои работеле на проектот Ocean Cleanup project. Во оваа студија, објавена во списанието Nature Communications, научниците пресметале дека помеѓу 1,15 и 2,41 милиони тони пластичен отпад годишно влегува во океаните од реки, а 67% доаѓаат од 20те најзагадени светски реки.

Германскиот тим користел поголем збир на податоци за потоа да ја анализира концентрацијата на пластика во 240 индивидуални примероци од 79 наоѓалишта кои покриваат 57 реки. Исто така ги класифицирале пластичните честички во помалку или повеќе од 5 милиметри, и секоја група била третирана одделно со цел да се направи индивидуална пресметка.

Научниците заклучиле дека само десетина реки придонесуваат за огромното мнозинство на севкупниот пластичен отпад, што покажува дека мерките кои имаат намера да ги превземат за намалување на отпадот ќе бидат ефикасни. Тие велат дека редуцирањето на отпадот до 50% во десетте најзагадени реки ќе го намали севкупниот речен отпад кој се влева во океаните за цели 45%.