Зрна прашина зачувани во древен метеорит откриваат дека магнетните полиња можеби имале значајна улога во формирањето на Сончевиот Систем, покрај гравитацијата.
Пред околу 4,6 милијарди години, Сончевиот Систем бил облак од гас и прашина познат како сончева маглина. Со текот на времето, облакот се стеснувал и се израмнувал во протопланетарен диск, во чиј центар се формирало младото Сонце, а подоцна и планетите.
Истражувачите го проучувале метеоритот DOM 08006, пронајден на Антарктикот во 2008 година. Во него идентификувале калциум-алуминиумски инклузии, познати како CAI, кои најверојатно се создале во првите 200.000 години од историјата на Сончевиот Систем. Тие се сметаат за едни од најстарите зачувани примероци на материјал од неговото раѓање.
Некои од овие инклузии содржеле магнетни минерали, меѓу кои и железо. Нивната преостаната магнетизација укажува дека магнетно поле постоело уште во фазата на сончевата маглина, пред целосно да се формираат Сонцето и планетите.
Според научниците, честичките во колабиранитеот облак создале плазма и магнетно поле, кое можело да влијае врз движењето на материјалот. Тоа сугерира дека преминот од речиси сферичен облак во рамен протопланетарен диск не бил дело само на гравитацијата, туку и на магнетизмот. Новите резултати помагаат подобро да се разбере една од клучните етапи во создавањето на нашиот планетарен систем.
































