Aјкули-роботи во Американската морнарица


Според истражувачите, овој „фантомски пливач“ на американската морнарица , со должина од околу 1,5 м. и тежина од 50 кг, веќе ги поминал тестирањата и може да и се придружи на останатата флота на морнарицата.

Оваа ајкула -робот, плива на ист начин како и рибите, со движење на опашката напред-назад. Ова претставува комбинација на беспилотните системи и уникатна погонска контрола, велат дизајнерите на овој робот.

Морнарицата планира да ги користи овие беспилотни подморници во разузнавачки, извиднички и надгледувачки мисии, како и за инспекција на трупот на пријателските бродови.

Роботот може долг период да работи самостојно, без батериско напојување или може да се контролира со кабел долг 150 метри.

Морнарицата не открива како точно ајкулата-робот прима и пренесува податоци, но посочуваат дека е потребно периодично да исплови на површината, за да се симнат податоците што се снимени.

И уште една добра вест, дизајнерите се надеваат дека овој робот ќе може да се користи и за откривање на подводни мини, со што ќе ги замени делфините и морските лавови што морнарицата ги тренира за оваа задача.

Поддржете ја нашата работа: