Aвтономните автомобили ни ги учат возачките навики

На Универзитетот во Калифорнија, Беркли, инженеритеги подготвуваат автономните автомобили да предвидат што ние импулсивните, несигурни луѓе би можеле да сториме. Тимот предводен од Кетрин Дригс -Кембел разви алгоритам што може да погоди со  92 % точност дали човекот возач ќе направи неочекувана промена.

Ентузијасти сме  дека автономните возила би можеле да доведат до намалување на хаварии  и помалку сообраќај. Но, луѓето не се навикнати на возењето заедно со машини“, вели Дригс -Кембел. Кога возиме, ние ги забележуваме малите знаци од другите автомобили кои покажуваат дека на намерите како менување лента или успорување. Роботот не ги поседува тие тикови.

Како да се обезбеди  јасно комуницирање меѓу автономното возило и луѓето?

Минатите  алгоритми се обиделе да ги предвидат следните потези на возачот преку движењата на телото. Ако некој се чини дека долго гледа преку рамото, на пример, тоа може да биде знак дека размислува за промена на лентата.

Кембел и нејзините колеги се обиделе да ги предвидат активностите на возачите.Тие побарале волонтери за возење  во симулатор. Секој пат кога  возачот одлучил да направи промена, притискал копче на воланот Истражувачите потоа ги анализирале  податоците од симулаторот за  временските шаблони на промени:  Местоположбата на сите автомобили на патот, брзината на промената,  дали претходно забрзал или успорил, дали има доволно простор меѓу автомобилите и слично.

Тие  користат некои од податоците  за создавање на алгоритам кој може да  предвиди точно кога возачот ќе се обиде да промени лента.

Таквите алгоритми ќе им помогнат на автономните автомобили да донесат попаметни одлуки во моментот. Тие, исто така може да се користат за учење на автомобилите да ги  имитираат човечките тикови  при возење.

Тоа е добра работа, но учењето на автомобилот  да  ги  разбере другите е само почеток, вели Раул Рохас на Слободниот Универзитет во Берлин во Германија. Луѓето се многу креативни во врска со кршење на правилата. Компјутерите се програмирани да не ги кршат правилата.

Поддржете ја нашата работа: