Емоционалните проблеми, како што е стресот, може да ја попречат способноста на лицата да чувствуваат задоволство и желба, па така се појавуваат проблеми во спалната соба. Медицинските проблеми како дијабетес или хипертензија, исто така може да влијаат на сексуалната функција, исто како и одредени лекови. Злоупотребата на супстанции, особено алкохолот е познат фактор за сексуална дисфункција кај мажите и жените.
Алкохолизмот предизвикува сериозни оштетувања на црниот дроб, а оштетениот црн дроб може да влијае на способноста на телото да ја регулира дистрибуцијата на хормоните. Кај мажите, тоа може да предизвика тестикуларна атрофија, импотенција и неплодност. Жените алкохоличари може да страдаат од намалена функционалност на јајниците, менструални абнормалности и промени во сексуалноста.
Алкохолот ја зголемува сексуалната желба, но ги инхибира сексуални перформанси. Многу луѓе велат дека алкохолот им ги намалува инхибициите, односно под влијание на оваа супстанца се чувствуваат повеќе сексуални, порасположени и имаат посилна желба за секс. Во мали дози, алкохолот може да помогне да се ублажат некои од симптомите на анксиозност за сексуални перформанси и сексуалност. Меѓутоа, кога алкохолот хронично се конзумира во текот на еден долг период, тоа може да влијае на сексуалната функција на една личност, а индиректно и на партнерот.
Когнитивните пречки се јавуваат како фактор за сексуална дисфункција кај луѓето кои страдаат од алкохолизам. Алкохолот влијае на сексуалната возбуда на една личност, контрола на возбудата и стапката на расеаност за време на сексуалната стимулација. Кога сте пијани, имате проблем со фокусирање и доведува до понатамошни проблеми со сексуалноста.
Четири категории на сексуална дисфункција
Постојат четири главни категории на сексуална дисфункција. Сексуална желба, сексуално возбудување, оргазам или сексуална болка. Фрустрации, депресија, чувство на вознемиреност, очај и неприлагоденост често се јавуваат како пропратни проблеми на сексуалната дисфункција. Овие емоционални и физички проблеми може да предизвикаат непоправлива штета во врската, што доведува до уште потешки емоционални и сексуални растројства.
* Нарушување на сексуалната желба или подобро познатп како губење или намалување на либидото. Либидото, нивото на енергија и нивоата на возбуда се погодени од алкохолизмот. Недостатокот на сексуалниот нагон може да влијае на односите на лицето со другите, како и на нивното ментално здравје.
* Нарушување на сексуалната возбуда е најчесто пријавен проблем кај алкохоличарите. Алкохолот влијае на способноста на мажот да постигне и задржи ерекција, влијае на нивоа на концентрација, ја намалува способноста за одржување на возбуда за време на сексот и го зголемува нивото на замор.
* Нарушување на оргазмот се карактеризира со неможноста да се постигне оргазам, што е често случај за луѓе кои се под дејство на алкохол. Жените се особено чувствителни на влијанието на алкохолот врз нивната сексуална функција, а мажите може да доживеат предвремена или задоцнета ејакулација. Проблемите со оргазмот исто така може да бидат предизвикани од хроничен замор и анксиозност, што се зголемува со употребата на алкохол.
* Сексуалната болка најчесто се јавува само жените и се карактеризира со интензивна болка и непријатност за време на сексот и сексуалните интеракции. Некои жени го користат алкохолот како начин да ги решат проблемите, но тоа едноставно само ги влошува нештата. Се верува дека се јавува од вознемиреност и страв од сексуален контакт со другите.