„Android“ апликациите наскоро многу поевтини

Квалитетните апликации кои бараат месечно да одвојувате парични средства со цел да ги добивате нивните комплетни услуги или опции се планира драстично да ги намалат почетните цени на предплатата.

Ова намалување експертите сметаат дека ќе придонесе за уште побрз развој на пазарот со претплати , кој бележи раст од 10 пати за период од 3 години.

Доколку се сложат креаторите на апликациите за оваа промена таа се очекува да настапи многу брзо и се очекува вистински да го зголеми приходот на компаниите.

Повеќето квалитетни апликации ќе се надеваат дека корисниците со овие многу ниски влезни цени ќе имаат можност да ги тестираат и да се навлечат на нивните апликации за да подоцна кога ќе треба да ја платат вистинската ненамалена месечна претплата да бидат убедени дека плаќаат за вистинската услуга, додека има и компании кои се надеваат дека едноставно многу од корисниците ќе заборават да ја деактивираат претплатата така остварувајќи дополнителен профит.

Гугл и Ејпл препознавајќи го пазарот и со цел тој да се развие побрзо го зголемија процентот на заработка на креаторите на апликациите и сега тој е променет од 70% – 30% на 85% – 15% , иако мора да се напомене дека кај девелоперите на iOS за да се добие овој процент на поделба на профит се очекува производот да биде закупен на минимум 12 месечна претплата.

Ако знаеме дека иднината се мобилните ова е само уште една информација која треба да ги измотивира нашите девелопери да пробаат да се пробијат на овој пазар со квалитетни апликации.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,229од 2014 година
ВКУПНО ДОНИРАНО—податоците се подготвуваат

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.