Паметниот часовник Луми буквално ја претвора вашата рака во екран на допир.
Станува збор за прототип кој е целосно функционален, а е развиен на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург.
“LumiWatch” користи модул за проекција и сензор за допир за корисникот да добие интерфејс чувствителен на допир на својата рака.
Доволно е да ја допрете кожата за да го користите уредот и неговите апликации.
Часовникот користи Android 5.1 оперативен систем и можно е поврзување преку Bluetooth и WiFi. Исто така, “LumiWatch” поседува 1,2 GHz Quad-core процесор, 768 MB RAM, 4 GB флеш меморија и литиум-јонска батерија од 740 mAh.
Димензиите на часовникот се 50x40x17 милиметри, а кога ќе се најде во продажба ќе чини околу 600 долари.
Поддржете ја нашата работа: