Апликација која може да ви го спаси животот

Креатор на апликацијата наречена „ sosmart“,  е студент на универзитетот во Чиле. Тој вели „Ако се возите доцна во ноќта  или возите на автопат, во случај на несреќа, потребни се 10-20 мин за некој да дознае. Toa e премногу. Сите многу добро знаеме дека времето е од суштинско значење кога се работи за живот или смрт“.

Корисниците на  апликацијата  може да изберат кој од телефонските контакти ќе биде  известен. Известувањето  ја содржи точната локација на местото на несреќата.  Контактите, тогаш  може да се јават во службите  за итни случаи со сите овие информации,  со што се забрзува времето за реагирање. Апликацијата содржи внатрешни сензори, кои можат да детектираат доколку доживуваате сообраќајна несреќа. Се работи на опцијата да може да се поврзе директно со службите.

Секоја година ширум светот од сообраќајни несреќи умираат 1,3 милиони лица , а некои статистички податоци кои доаѓаат од САД, покажаа дека доколку се намали времето-. интервалот од времето на несреќата до контакт на итните служби , се проценува дека 130.000 животи би можеле да бидат спасени годишно.

Aпликацијата е бесплатна и достапна во “ app store“.

 

Поддржете ја нашата работа: