Телефон чија батерија трае месец и половина

Power Max P18K Pop ќе биде новата омилена „играчка“ на вљубениците во паметните телефоните. Причината е едноставна, овој мобилен ја има најмоќната батерија на светот од дури 18.000 mAh. За споредба, батериите на просечниот смарт телефон имаат околу 2.500 – 3.500 mAh.

Производителот, Avenir Telecom тврди дека со едно полнење, батеријата ќе трае 4 дена со континуирано разговарање на телефонот или 48 часа, доколку нон стоп на него гледате видеа. Ако не го користите активно, тогаш нема да ви се испразни месец и половина.

Уредот е трипати подебел од ајфоните, а е тежок скоро половина килограм. Се очекува на пазарот да излезе во јуни годинава. За сега не е објавено по која цена ќе се продава. Ќе биде достапен во две бои, црна и сина.

Експертите за мобилна телефонија во рецензиите го нарекоа Цигла телефон, со батерија ѕвер.

Во соработка со Gostivarpress.mk

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.