Апликација за заштита на пешаците


„Пишувањето на пораки додека пешачиме ни го одзема вниманието, бидејќи се трудиме да се фокусираме на две различни активности одеднаш“, вели Лиза Муратори, професор на Универзитетот Стони Брук.

„Кога овие две активности ќе се комбинираат, секоја година околу 1 500 пешаци завршуваат во ургентниот центар. Тие се удираат во разни пречки, се удираат едни во други, па дури и се толку занесени што излегуваат на улица и ги удира некој автомобил“.

Овој феномен ги заинтересирал истражувачите од Универзитетот Стори Брук, па така спровеле истражување на 33 мажи и жени за да ја тестираат нивната способност да одат и да пишуваат пораки.

Секој испитаник требало да пешачи до одредена точка, а потоа да го направи истото со качулка на главата. На крајот, требало да пешачат со капата и истовремено да пишуваат порака.

Повеќето „на слепо“ пристигнале до одреденото место, додека 61% не можеле да направат тоа додека пишуваат. „Навистина може да се доведете до опасна ситуација“, истакнуваат истражувачите.

Во Велика Британија, една компанија се обиде да го спречи тоа со поставување на браници околу бандерите. Во Кина, ситуацијата е толку влошена што создале посебни патеки за пешачење и пишување пораки. А во САД, студенти од Универзитетот Корнел се обидуваат да пронајдат решение преку креирање на апликација која ќе ги заштити пешаците.

Поентата е тоа што бидејќи паметниот телефон е причинителот на проблемот, истиот да биде и решението. Па така, кога ќе се појави црвена рака на екранот значи дека не е е безбедно за пешачење.

Студентите се надеваат дека оваа апликација може потенцијално да спасува животи, но постои и поедноставно решение. Ако навистина е важна пораката, застанете, прочитајте ја, напишете порака, па потоа продолжете!

Поддржете ја нашата работа: