Родителите кои долго користат мобилен телефон ризикуваат проблеми со однесувањето на своите деца

СПОДЕЛИ

Во неодамнешната студија објавена во списанието Pediatric Research, група стручњаци алармира дека децата на родители кои постојано „висат“ онлајн на мобилните телефони, развиваат голем ризик да станат агресивни и фрустрирани.

Тие предупредуваат дека, доколку родителот повеќе време гледа во телефонот, отколку во детето, тоа се полни со негативна енергија, станува раздразливо, често плаче, вриска и искажува бес.

Студијата била направена врз основа на шестмесечно истражување на околу 200 семејства во Америка со дечиња на возраст до 5 години.

Се покажало дека, секогаш кога се прекинувала комуникацијата меѓу детето и родителот поради порака на телефон, или доигрување на игра на мобилниот, имало негативни ефекти.

Стручњаците дошле до поразителен податок дека родителите на мали деца просечно гледаат во својот мобилен телефон, таблет или компјутер по 9 часа дневно.

„Тоа е речиси цело слободно време што го имаат родителите, кои наместо да го посветат целосно на децата се вртат кон мобилните телефони“, пишува во студијата.

Реалноста на 21 век е таа, многумина од нас се зависни од интернетот, но имајќи ги во предвид последиците врз децата, авторите на студијата препорачуваат секое семејство да одреди повеќе часа од денот во кои сите уреди ќе бидат офлајн, а сите членови ќе прават нешто заедно.

Во соработка со: Gostivarpress.mk

Дискусија

Коментари