Мобилната апликација за следење на менструален циклус “Natual Cycles”, овој месец стана првата контрацептивна апликација која доби дозвола за рекламирање од американската агенција за храна и лекови (FDA).
Со помош на оваа апикација, жените можат да мерат температура и да го следат својот менструален циклус. Апликацијата користи алгоритми за утврдување на плодните денови.
Шведската стартап компанија која е креатор на оваа апликација вели дека истата е ефикасна и им овозможува на жените да избегнат несакани ефекти кои се чести за други методи на контрацепција, како на пример пилулите.
Сепак, наодите за несакани бремености и истрагата во две европски земји во кои апликацијата е сертифицирана минатата година поставија прашања за рекламирањето на нешто што во суштина е уред за следење на здравјето како контрацептивните средства.
Natural Cycles има повеќе од 900 000 корисници и доста брз раст кој ги зголемува ризиците за регулаторните тела и загриженоста помеѓу здравствените работници додека се трудат да го одржат чекорот со се посилниот пазар на мобилни и дигитални здравствени апликации.
“Апликациите денес се неверојатно популарни и нема ништо суштински погрешно во користењето на технологија како поддршка за здравјето. Но, тоа е и област која е прилично нерегулирана и може да биде тешко да ги разликува добрите апликации кои се засновани на темел на податоци и истражувања од лошите” вели Беки Барбриџ од британската асцијација за планирање на семејство.
Апликацијате е слична со сите други досегашни софтвери за следење на циклусот, од кои поголемиот дел има за цел да им помогне на жените да забременат. Но, одобрението на FDA значи дека може да се рекламира како контрацептивно средство што му дава предност на пазарот за мобилни медицински апликации, за кои се предвидува дека до 2025та година ќе вредат 11,2 милијарди долари.
Сепак, креаторите на апликацијата признаваат дека нивниот производ не е 100% ефикасен и дека некои жени би можеле да забременат дури и ако без грешка ја користат апликацијата. FDA апликациите и уреди кои собираат и следат медицински информации се третираат како медицински уреди.