Астероид со дијаметар поголем од 600 метри ќе помине блиску до Земјата

Огромен астерид ќе помине покрај Земјата денес, а НАСА со внимание го следи неговото движење.

Оваа вселенска карпа, позната како 2014-JO25 е откриена во мај 2014 година. Според современите мерењата на НАСА, астроидот е со големнина од околу 650 метри, а неговата површина е два пати порефлективна од површината на Месечината. Засега малку е познато за физичките својства на овој астероид, иако неговата траекторија е добро позната.

Покрај Земјата ќе прелета на оддалеченост од околу 1,8 милиони километри, што е речиси пет пати повеќе од растојанието помеѓу Земјата и Месечината. Астероидот ќе се приближи кон Земјата од правец на Сонцето и на небото и ќе биде видлив и со помали телескопи ноќта во среда и уште ден-два потоа.

Последен пат овој астероид поминал блиску до Земјата пред најмалку  400 години, а неговото следно приближуање ќе биде за најмалку 500 години.

„Иако не постои можност астероидот да удри во нашата планета, ова ќе биде многу блиска средба со астероид со ваква големина“, пишува во соопштението на Американската вселенска агенција.

Сепак, НАСА со внимание ќе го следи движењето на астероидот преку опсерваториите во Калифорнија и Порторико, а ќе можат да  видат делови од ова небеско тело  со големина од само неколку метри.

Во НАСА истакнуваат дека ова ќе претставува извонредна прилика  за проучување на овој астероид.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.