Астрономите во потрага по мистериозниот убиец на галаксиите

Во вселената во моментов владее мистериозна епидемија. Галаксиите умираат прерано – исчезнуваат од необјасливи причини. Кој, или што ги убива сите тие галаксии? Астрономите бараат одговор.

Во новата студија, научниците од Меѓународниот центар за радио астрономија (ICRAR), тврдат дека отстранувањето на гас од галаксиите е многу пошироко распространет процес отколку што досега се мислеше.

Прегледот на околу 11.000 галаксии покажува дека гасот исчезнува кај дел од нив, а без него галаксиите не можат да создаваат нови ѕвезди, туку почнуваат да изгинуваат.

“Во текот на својот живот, галаксиите може да имаат ореоли со различна големина, од оние со маса типична за Млечниот пат, до аури кои се илјада пати поголеми”, наведува лидерот на студијата Тоби Браун во соопштението.

Како што галаксиите пропаѓаат низ тој поголем ореол, суперзагреана меѓугалактичка плазма, со голема брзина од нив извлекува гас кој е потребен за создавање на нови ѕвезди.

astronomers-hunt-for-elusive-galaxy-killer
Претходните студии покажаа отстранување на гасови во внатрешноста на големите галактички кластери, за кои се сметало дека се наоѓаат во уште поголеми ореоли од темната материја. Најновите откритија велат дека феноменот е присутен и кај помалите, изолирани галаксии и темна материја.

“Откривме дека ваквото отстранување на гас од галаксиите има потенцијал да биде главниот начин на кој галаксиите згаснуваат бидејќи со отстранување на гасот престанува формирањето на нови ѕвезди.” вели Браун.

Галаксиите можат да се задушат, а нивната залиха на гас да се извлече на многу начини, но воглавно се работи за доста бавен процес. Во овој случај процесот на одземање на гасови е многу брз.

Поддржете ја нашата работа: