Која е најголемата галаксија во Универзумот?

Според проценките на астрономите, во познатиот Универзум постојат речиси 100 милијарди галаксии. Тие се разликуваат по форма и големина, од мали џуџести галаксии до поголеми прекрасни спирални галаксии, како што е галаксијата Андромеда и нашиот Млечен Пат, па се’ до гигантски и антички елиптични галаксии.

Најмалите џуџести галаксии содржат само околу 100 милиони ѕвезди и не се поголеми од едно обично ѕвездено јато, додека најголемите галаксии се елиптични и главно содржат (трилиони) стари ѕвезди. Па, која е најголемата галаксија којашто досега сме ја виделе?

Оддалечена речиси милијарда светлосни години, во соѕвездието Змија, галаксијата позната како „IC 1101“ се смета за најголема во Универзумот (во оној дел од него што ни е познат, се разбира).

„IC 1101“ има дијаметар од 6 милиони светлосни години и маса од преку 100 трилиони ѕвезди. Поголемиот дел од масата е во форма на црна материја. Својата големина ја достигнала како резултат на бројни судири со други галаксии.

Во споредба со нашиот Млечен Пат, оваа галаксија е 50 пати поголема и 200 пати помасивна.

Во својот центар има супер масивна црна дупка, која што исто така се смета за најголемата црна дупка којашто е позната во универзумот.

„IC 1101“ е стара галаксија која изумира, бидејќи нема знаци за формирање на нови ѕвезди. Единствениот начин на кој може да преживее е да добива повеќе ѕвезди преку судирот со младите галаксии кои ги уништува. Но, во секој случај, со текот на времето полека ќе исчезне.

Поддржете ја нашата работа: