Ауди со гориво од вода и воздух

За разлика од фосилните горива кои ослободуваат дополнителен јаглерод во атмосферата, „e-дизелот,” на Ауди кој се произведува во фабрика во Дрезден, во соработка со германската компанија „Sunfire“, има нето-нула јаглерод бидејќи е направен со јаглерод диоксид од воздухот.

Ова не е прво јаглерод-неутрално гориво, но е поздравено од германската влада, која обезбедува поддршка за фабриката, како важна пресвртница во движењето за почиста енергија.

„Ако можеме да создадеме широка употреба на CO2 како суровина, ние ќе се направиме клучен придонес за заштитата на климата, ефикасна употреба на ресурсите и ќе ги поставиме темелите на зелената економија“, вели Јохана Ванка, германскиот министер за образование и истражување. Ауди најавува производство на почетната серија на e-дизел. (Првите пет литри отидоа во официјалниот автомобил на Ванка, Ауди A8 3.0 TDI чист дизел кватро.)

Ауди објави дијаграм со чекори на процесот на производство на горивото:

 

Иако идејата за автомобили кои се напојуваат со вода и воздух е возбудлива, сепак се’ уште е на почеток. Фабриката во Дрезден ќе произведе само 3.000 литри на јаглерод-неутрално гориво во текот на следните неколку месеци. Мала капка во огромен океан.

Предизвикот на Ауди е да го претвори горивото од научен проект во комерцијален успех. Уште во 2009 година започнаа со форсирање на јаглерод- неутралното гориво, а партнерството со  „Sunfire“ е само една од неколку соработки со енергетските компании.


enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.