Овој проект е развиен со помош на компанијата „Carbon Engineering“ и е делумно финаниран од Бил Гејтс. Всушност, оваа технологија би претставувала замена за дрвјата и би ја вршела нивната работа, но на местата каде што нема дрвја, како на пр. пустините и замрзнатите површини. Во моментов, ова делува како единствениот остварлив начин за да се зароби веќе ослободениот јаглерод од возилата и авионите, кои сочинуваат 69% од вкупната емисија на јаглероден диоксид денес.
Системот ќе комбинира јаглероден диоксид со водород кој е одделен од водата, за да формира јаглеводородно гориво. Планот е да се обезбеди технологија која еден ден би можела да произведува еколошко гориво како дополнување на системите за обновлива енергија што ги имаме сега.
„Carbon Engineering“ е една од малкуте компании во светот која се обидува да најде начини како да се извлече јаглеродниот диоксид од атмосферата и притоа да се намалат ефектите од климатските промени. Другите компании се „Global Thermostat“ во Њујорк и „Climeworks“ во Швајцарија кои на почетокот на годинава ја демонстрираа својата технологија за заробување на јаглероден диоксид, и потоа германската компанија „Sunfire“ го рециклираше и во соработка со Ауди произведе е-дизел гориво без јаглерод.
Она што сега им е потребно на сите три компании е да откријат како нивниот атмосферски јаглероден диоксид економски одржливо да ги напојува системите. А тоа нема да биде лесно. Еден од проблемите кои треба да го надминат е високата цена на загревањето на јаглеродот до околу 400 степени Целзиусови, што е неопходно за да можат правилно да го обработат. Друг проблем е тоа што има многу малку инвеститори кои се заинтересирани да ги снабдуваат со пари се додека не докажат дека сето тоа е навистина изводливо.
Во моментов, планираниот систем на „Carbon Engineering“ би можел да зароби само околу 450 тона јаглероден диоксид секоја година, што едвај би ја покрило емисијата на јаглерод на 33 просечни Канаѓани. Но, од компанијата велат дека овој систем би можел да се зголеми 20 илјади пати за да биде попрактичен и поисплатлив.
Според податоците од нивниот сајт тие очекуваат дека заробување на 1 тон јаглероден диоксид би чинело само 100$
Погледнете го видеото за да видите како компанијата планира да го направи сето тоа.