Авионско гориво од тутун

Холандската фирма „SkyNRG“ разви хибрид на тутун познат како „Соларис“ кој според Џули Фелгар, управен директор за стратегија на животната средина и интеграција на Боинг,  не содржи никотин туку произведува многу повеќе семе од обичниот тутун.

За сега, се користи само семето од тутунот чие масло се конвертира во био-гориво, но истражувачите бараат начин за создавање на биогориво од целото растение.

Постојат 2 главни причини за употреба на биогориво.

Првата е високата цена на авионското гориво (трошоците за гориво опфаќаат 35-40% од вкупните оперативни трошоци на авиокомпаниите).

Втората цел е намалувањето на јаглеродот. Биогоривата би ја намалиле емисијата на јаглерод за 50-80%, во споредба со авионското гориво.

До 2016 година, се очекува биогоривото да покрие 1 процент (2 милијарди литри) од глобалната побарувачка на авионско гориво.

Тутунот, секако не е долготрајно решение, туку само дел од глобалната слика за производство на биогориво.

Во Соединетите Арапски Емирати, Боинг е во потрага на халофитна плантажа која би се наводнувала со морска вода. Во Бразил, се произведува биогориво од шеќерна трска. Друг извор на биогориво се отфрлените пилешки масти.

Употребата на биогориво во авијацијата има економски, технолошки и еколошки бенефиции.

Поддржете ја нашата работа: