„Parkifi“ е технологија која користи сензори за да не извести дали има слободно место. Сензорите се со големина на плочка за хокеј и чинат 30 долари (27 евра) парче, што е речиси 90% поевтино од конкурентите. Се прилепуваат за индивидуалните паркинг простори или пак се вградуваат во асфалтот.
Во мометов, „Parkifi“ има околу 500 сензори распоредени во Болдер и Денвер, а во следните неколку недели се очекува и да потпишат договор со други два града (кои се’ уште не ги откриваат). Ова не е некоја нова технологија, туку едноставно е многу поевтина, истакнува Рајан Саливан, еден од основачите.
Поддржете ја нашата работа: